Хаос пред СП 2030: Шпанија се закани со повлекување од организацијата на турнирот!

Вистинска бура се крена за Светското првенство (СП) во 2030 година. Најавениот фудбалски спектакл се претвори во спор меѓу Шпанија и Мароко, а во приказната се вклучија и политичарите.

Лидерот на шпанската Народна партија, Алберто Нуњез Феихо кажа дека Шпанија треба да се повлече од организацијата на Мундијалот доколку не го организира финалето на турнирот.

Феихо смета дека Шпанија има доволно причини за организирање на финалето, а посебно ги посочи традицијата на земјата и фактот дека земјата заедно со Португалија првично ја почна кандидатурата пред да се приклучи Мароко.