Македонските ракометни надежи поразени на стартот на Регионалниот Челинџ куп
Македонија имаше водство од 6-5 во 17. минута, по што домаќинот ја презема контролата врз мечот и на полувреме стигна до 10-7. Во вториот дел Црна Гора доминираше на теренот и го зголемуваше водството до 26-20.
Најефикасен во редовите на Македонија беше Клењоски со седум голови, додека Кривокапиќ постигна пет погодоци за Црна Гора.
На 7 ноември Македонија ќе се соочи со селекцијата на Косово, во обид да стигне до првата победа на турнирот.
Фото: Facebook/Ракометна Федерација на Македонија - официјална страница