Голманот Овоно по трагедијата планира да го напушти фудбалот!

Голманот на Андора, Хесус Овоно минува низ исклучително тежок период по трагичната смрт на напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел, кој почина по кобниот судир за време на натпревар од шпанската втора лига.

Последиците од несреќата се толку големи што Овоно, според сведочењето на блиска личност, дури размислувал и за повлекување од професионалниот фудбал.

„Колку и да се обидуваат да го утешат, на Овоно му е исклучително тешко. Особено е потресен кога ќе помисли на сопругата на Де Мигел и нивното дете од година и пол. Не знае како да се соочи со сето ова“, открива блиска личност до голманот.

Овоно во изминатите денови се соочи и со големи критики и закани по неговиот живот.