Лацио го искористи киксот на Интер и му избега на врвот во Серија А

Фудбалерите на Лацио запишаа уште една победа во Серија А, откако денеска триумфираа со 2-1 против Калјари во 10. коло од италијанскиот шампионат.

Гостите први постигнаа гол преку М’Бала Нзола, кој ја затресе мрежата за предност од 1-0 на Калјари. Сепак, Лацио брзо одговори преку Густав Исаксен кој стрелаше за израмнување.

Во продолжение од мечот двете екипи имаа свои шанси, а Лацио во 83. минута го постигна и вториот погодок за победа од 2-1.

Лацио има 28 бодови на врвот на Серија А, додека Интер е втор со три поени помалку.

Фото: Facebook/S.S. Lazio