Крај на доминацијата: Прв пораз на Барса во Ла Лига на новиот Камп Ноу

Барселона загуби од Реал Мадрид со 1-2 во „Ел Класико“, а поразот го означи и крајот на импресивната серија на каталонците во домашните натпревари од Ла Лига.

Последниот првенствен пораз на Барселона на домашен терен пред големото дерби беше на 18 мај 2025 година, кога Виљареал славеше со 3-2. Така, Каталонците поминаа 525 дена без пораз во Ла Лига на домашен терен, период во кој остварија 23 последователни победи.

Сепак, многу поинтересно е тоа што вчерашниот пораз од Реал беше прв за Барса по враќањето на Камп Ноу, пред 11 месеци. „Каталонците“ беа во низа од 18 победи во домашното првенство, но таа серија повеќе не важи.

Сепак, важно е да се направи разлика: ова не беше првиот домашен пораз на Барселона во сите натпреварувања по враќањето на „Камп Ноу“. Атлетико Мадрид претходно славеше со 2-0 во Лигата на шампионите, па серијата што заврши против Реал се однесува исклучиво на првенствените натпревари. Со триумфот, мадридскиот гигант испрати силна порака во борбата за титулата и ја намали разликата на табелата на три бода.