Бутел победи во реваншот, ама испадна од Европскиот куп
Бутел на реваншот влезе со задача да надомести три гола негатива по поразот од 24-27. Избраниците на Стојанче Стоилов се бореа до самиот крај и беа на чекор да ја направат потребната разлика, но финишот им пресуди.
Македонскиот тим имаше предност од 25-22 на пет минути до крајот, резултат што му даваше надеж дека може да ја анулира негативата од првиот дуел. Сепак, Горица не се предаде и во завршницата пронајде начин да ја намали разликата. Марко Караула двапати ја затресе мрежата на Бутел во клучните моменти, па гостите го поставија конечниот резултат од 25-24. Иако скопјани ја добија средбата, триумфот од само еден гол не беше доволен за продолжување на европскиот настап.
Дамјан Субашевски беше најефикасен во составот на Бутел со седум погодоци, додека Кристијан Стаменковиќ постигна четири гола. Кај хрватскиот тим, Караула беше најрасположен стрелец со осум погодоци и одигра клучна улога во пласманот на Горица во следното коло.