Mурињо може да биде мирен, Реал договори голем потпис
Според новинарот на „АС“, Хозе Феликс Дијаз, актуелниот договор на 23-годишниот англиски играч од средниот ред важи до 2029 година и би бил продолжен за уште две години, а со него фудбалерот треба да добие и значително повисока плата.
Потписот и официјалното објавување, според „АС“, се очекуваат во наредните недели.
Белингам пристигна во Реал Мадрид во 2023 година од Борусија Дортмунд. Оваа сезона, на 10 натпревари, има постигнато три гола и забележано три асистенции