Една од најважните ракометарки за Македонија ќе го пропушти ЕП!

Репрезентацијата на Македонија остана без услугите на Ангела Јанкуловска која во својот клуб Дунајска Стреда заработи тешка повреда.

Словачкиот тим преку социјалните мрежи информираше дека Јанкуловска се здобила со повреда на лигаментите и за неа актуелната сезона е завршена бидејќи се очекува да паузира седум до девет месеци.

„Ангела Јанкуловска, нашиот лев бек, успешно беше оперирана на одделението за ортопедија во откако се здоби со повреда на коленото на домашниот реванш натпревар против Салерно во рамките на ЕХФ Европскиот куп.

За време на операцијата беше извршена реконструкција на лигаментот што ја стабилизира чашката на коленото. Енџи ќе го помине викендот во болница, а од понеделник ќе започне со рехабилитација и долг процес на закрепнување.

За жал, по ваков тип повреди, враќањето на терените се очекува да трае од 7 до 9 месеци, што значи дека Енџи најрано ќе можеме повторно да ја видиме во дресот на нашиот тим следната сезона“, стои во објавата на словачкиот клуб.

Така селекторот Игор Марковиќ ќе биде без Јанкуловска на Европското првенство каде што играме со Норвешка, Швајцарија и Романија, а исто така ќе мораме без неа и во баражот за СП 2027 кој е закажан за во април.