Крах за Сити: УЕФА подготвува брутална казна - „граѓаните“ долго ќе ја сонуваат Европа!

Екипата на Манчестер Сити се соочува со потенцијално најтешката казна во историјата на европскиот фудбал, со оглед што се разгледува можност за исфрлање на англискиот гигант од сите европски натпреварувања на период од седум до десет години поради кршење на финансиските правила.

Покрај европските санкции, актуелниот шампион се соочува и со реална закана за испаѓање од Премиер лигата поради потенцијално одземање на голем број бодови. Ако овие, сè уште неофицијални тврдења се покажат како точни, клубот речиси една деценија би го изгубил правото за настап во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига. Англиските медиуми во моментов проценуваат дека шансите за испаѓање на Сити од елитниот англиски ранг изнесуваат дури 60 отсто, на што веќе реагираа и обложувалниците со драстично намалување на квотите за нивна селидба во понизок ранг.

Раководството на Сити категорично ги отфрла сите обвинувања, тврдејќи дека целокупното деловно работење било согласно прописите. Експертот за фудбалски финансии, Киран Мегваер, најавува дека конечната одлука за овој случај би можела да биде донесена во наредните 12 недели, иако правните експерти проценуваат дека спорот би можел да добие разрешница дури пред највисоките британски судови. Евентуалната суспензија би донела несогледливи последици за клубот, кој би останал без стотици милиони евра приходи од Европа, а истовремено би се соочил со масовно заминување на најдобрите играчи и целосен колапс на досегашниот проект.