Лоши вести за Ѓоковиќ - сѐ подалеку е од завршниот мастерс во Торино!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, доби лоша вест во битката за пласман на завршниот мастерс во Торино, откако младиот шпански тенисер Рафаел Ходар го претрка во АТП трката благодарение на пласманот во полуфиналето на турнирот во Шангај.

Српскиот ас сега се наоѓа на 11. позиција на табелата и има сè помалку простор за поправен испит доколку сака да се најде меѓу осумте најдобри играчи на крајот од сезоната. Ходар стигна до место меѓу четворицата најдобри во кинескиот град по одличниот пресврт против Каспер Руд. Оваа победа му донесе исклучително важни бодови, па тој сега има 2.909 поени и се наоѓа на деветтото место, со 69 бода повеќе од Ѓоковиќ. Доколку избори пласман и во големото финале, Ходар би можел дополнително да ја зголеми предноста во однос на српскиот тенисер.

Ситуацијата за Ѓоковиќ станува сè покомплицирана бидејќи сезоната се ближи кон својата завршница, а конкуренцијата континуирано го зголемува бодовното салдо. Во моментов, последното место кое гарантира учество на Завршниот мастерс го држи Данил Медведев, кој се наоѓа на осмата позиција со 3.220 бодови. Токму таа бодовна граница претставува главната цел за сите тенисери кои сакаат да ја завршат сезоната меѓу елитата во Торино.