Ѓорче Петров не ја сочува предноста од првиот натпревар и е елиминиран од Европската лига

Шампионот на Македонија, Ѓорче Петров го заврши настапот во ЕХФ Европската лига откако денеска доживеа елиминација во втората квалификациска рунда.

Минатата недела ѓорчепетровки го совладаа Бањик Мост на домашен терен со 22-18, но денеска во Чешка загубија со 17-27. Домаќинките ја анулираа негативата од првиот меч уште во воведните 30 минути кои ги добија со 16-9, а во второто полувреме ја зголемија предноста и дојдоа до посакуваниот триумф.

Убедливиот пораз на Ѓорче Петров дојде и покрај тоа што голманките имаа добар настап и заедно остварија 13 одбрани - Вујишиќ 13 и Јовановска две.

Најефикасни во редовите на македонскиот шампион беа Губериниќ и Ризоска со по четири гола, а Вранчиќ додаде три.