Томовски блескаше и го одведе Битингхајм до голема победа
Битигхајм стигна до вториот триумф сезонава, воедно втор на гостински терен, во натпревар во кој мораше да се избори за бодовите во неизвесна завршница. Томовски беше важна потпора на својот тим, особено во клучните моменти од средбата, кога гостите го направија решавачкиот исчекор.
Првото полувреме заврши нерешено, 15-15, а неизвесноста продолжи и по паузата. Во 50. минута резултатот беше 22-22, но тогаш Битигхајм направи серија од четири гола без одговор и поведе со 26-22. Стекнатата предност гостите ја задржаа до крајот, добивајќи го второто полувреме со 14-10 за конечни 29-25.
Покрај одличниот настап на Томовски, во победничкиот состав се истакна и Тил Херман, кој беше максимално ефикасен со седум гола од исто толку обиди. Овој триумф е особено важен за Битигхајм, кој со новите бодови се оддалечи од опасната зона на табелата. За Томовски, пак, ова е уште една потврда за неговата важност во тимот и за добрата форма во најсилната германска ракометна конкуренција.