Даде гол против клубот од родниот град, па навивачите му скандираа „Умри, умри“ (ВИДЕО)

Шокантни сцени беа забележани на натпреварот меѓу Малага и Еспањол, откако Брајан Сарагоса постигна гол против екипа од својот роден град, по што пристигнаа навредливи пораки од трибините.

Фудбалерот на Еспањол, кој настапува како позајмен фудбалер од Баерн Минхен, постигна гол во 13. минута, а тоа ги налути домашните навивачи кои почнаа со навреди, а потоа и со скандирање „Умри, Умри“.

Интересно е тоа што Сарагоса беше на проба во Малага, но клубот не го прифати. Една од причините за одлуката на клубот била неговата висина.

Сарагоса, сепак, не се откажа од фудбалот, па на почетокот на 2024 година се пресели во Баерн Минхен за 13 милиони евра.

Фото: Facebook/RCD Espanyol de Barcelona