Учете од Чупиќ: Хрватот на тајм-аут им се извини на вардарци за погрешната тактика! (ВИДЕО)

Македонскиот ракометен шампион Вардар доживеа пораз со 26-34 од Висла Плоцк во третото коло од Лигата на шампиони (ЛШ) во Скопје, а за време на еден тајм-аут на натпреварот, тренерот Иван Чупиќ им се извини на ракометарите за погрешната тактика.

Чупиќ се извини затоа што решил да играат со „седум на шест“ за време на тајм-аутот, а за погрешната тактика зборуваше и по натпреварот и тоа може да го прочитате ТУКА.

Вардар по три одиграни кола има три порази во групната фаза во елитното натпреварување на ЕХФ.