Јокиќ го одби Денвер за следното лето да го потпише - најбогатиот договор во историјата!
Според најновите проекции, се очекува во текот на летото 2027 година тој да стави потпис на нов петгодишен договор вреден астрономски 360 милиони долари. Овој деловен потег не значи најава за заминување од Колорадо, туку претставува чиста математика и подготовка за потпишување на најбогатиот договор во историјата на светската кошарка.
Покрај нереалните финансиски бројки, според најавите, во новиот договор ќе биде вметната и специјална клаузула за „забрана за трејд“. Во пракса, ова правило значи дека раководството на Денвер нема да има никакво право да го размени Јокиќ во друга франшиза, освен ако самиот кошаркар не даде експлицитно зелено светло и не прифати евентуален трансфер. Дека намерите на српската легенда се целосно насочени кон тимот каде што ги оствари најголемите успеси, потврди и тој самиот, ставајќи крај на сите непотребни шпекулации.
„Мојата идеја и желба е да останам во Денвер засекогаш. Веројатно ќе потпишам следната година. Заради тоа ова е строго бизнис. Мојата желба е да играм во Денвер до крајот на животот, а од нив зависи дали ќе ми понудат или не“, изјави Јокиќ.