Србија загуби со гол во 95. минута, Чави и Клоп ремизираа (ВИДЕО)
Србија загуби иако имаше водство по првото полувреме. „Орлите“ одлично го започнаа натпреварот на „Рајко Митиќ“ и поведоа уште во 4. минута. Душан Тадиќ одлично ја пронајде Андрија Живковиќ зад грчката одбрана, а фудбалерот на Србија со прецизен удар го совлада голманот за 1-0.
Сепак, Србија потоа се најде во сериозни проблеми. Грција презеде иницијатива и во првото полувреме имаше неколку одлични прилики. Вања Милинковиќ-Савиќ мораше да интервенира во повеќе наврати, а гостите ја погодија и стативата. Гостите продолжија со притисокот и во вториот дел, а Христос Цолис во 74. минута го постигна израмнувачкиот гол за 1-1. Во финишот Србија не успеа да го задржи ниту бодот, па Грција стигна до целосен пресврт и голема победа во Белград со голот на Дувикас во 95. минута.
Во вториот натпревар од групата А2, Холандија и Германија одиграа 1-1 во Амстердам. Дуелот беше особено интересен поради дебито на Чави Ернандез на клупата на Холандија и Јирген Клоп како селектор на Германија. УЕФА го најави натпреварот како еден од најинтересните дуели во првото коло.
Германија поведе преку Феликс Нмеча во 32. минута, во акција која предизвика големи реакции кај Холанѓаните бидејќи во моментот на нападот на теренот лежеше повредениот Брајан Броби. Холандија долго бараше одговор, а во самиот финиш успеа да стигне до израмнување. Коди Гакпо погоди пред крајот и го постави конечниот резултат 1-1, па и Чави и Клоп стартуваа со по еден освоен бод.
На останатите два меча од денешната програма во елитната дивизија од Лигата на нации славеа домаќините. Норвешка на крилјата на фантастичниот Ерлинг Халанд кој постигна два гола, ја совлада Данска со 3-2, а Португалија пред своите навивачи беше подобра од Велс со 1-0.