Огромен интерес на промоцијата на новиот дрес на Македонија! (ФОТО)

Новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација официјално беше претставен, а на настанот присуствуваа голем број фанови кои дојдоа да ја поддржат Македонија и одблизу да го видат новиот изглед на националниот тим.

Посебен дел од настанот беше дружењето на навивачите со репрезентативците. Енис Барди, Столе Димитриевски, Елиф Елмас и Бојан Миовски беа достапни за фотографирање, делење автограми и кратко дружење со присутните.

Од Фудбалската федерација на Македонија упатија благодарност до сите кои присуствуваа и ја поддржуваат репрезентацијата.

„Дресот е претставен. Фановите беа тука. Фала на сите што дојдовте и што ја поддржувате Македонија. Фала и до Енис, Столе, Елиф и Мио, за трпението, потписите и времето со секој фан. Ова е дресот. Напред Македонија“, објави ФФМ.

Новиот дрес е дел од соработката меѓу ФФМ и Адидас, а ќе биде новиот симбол на македонската репрезентација во периодот што следува. Македонија со новиот дрес ќе игра во Лигата на нации каде првиот натпревар го има в сабота против Швајцарија на домашен терен.