Шокантна исповед: Англиски фудбалер откри страшна тајна - бил силуван од пријател!
Поранешниот репрезентативец на Англија признава дека пред неколку години бил жртва на сексуално насилство извршено од страна на познат пријател на неговата тогашна партнерка. Овој трауматичен настан, кој резултирал со тригодишна затворска казна за напаѓачот, бил вметнат во книгата во последен момент, по заеднички договор со издавачот.
Деталите за инцидентот откриваат дека сè се случило една вечер по одигрувањето на натпревар за екипата на Њукасл Јунајтед. Според сведоштвото на Керол, споменатиот пријател сам се поканил во нивниот дом за заедно да гледаат боксерски меч. Фудбалерот почувствувал непријатност за време на дружбата, па по испиени неколку пијачки решил порано да си легне. Откако изгубил помнење, Керол бил разбуден од мажот кој се обидувал да го злоставува. Во момент на шок и самоодбрана, тој го исфрлил насилникот од куќата, удирајќи го најсилно што можел, по што веднаш ја повикал полицијата. Во автобиографијата тој признава дека истата вечер, целосно скршен, липал во прегратките на дадилката на неговите деца.
„Постојат и други работи кои би сакал да ги заборавам, но не можам. Пред неколку години ми се случи нешто толку трауматично што дури во последен момент одлучив да го вметнам во оваа книга. Бев сексуално нападнат. Еве, го кажав тоа. Дури е и застрашувачки да размислувам за тоа, а досега само неколку луѓе знаеја за овој настан“, пишува Керол во својата исповед.
Судскиот процес кој следел по пријавувањето на инцидентот, фудбалерот го опишува како понижувачко и ужасно искуство. Сепак, правдата била задоволена бидејќи напаѓачот бил прогласен за виновен за сексуални престапи и осуден на три години зад решетки. Покрај затворската казна, насилникот е впишан во регистарот на сексуални престапници и добил строга забрана за влез во местото каде што живеел англискиот голгетер.
Керол (37 години) сега настапува и ја врши улогата на тренер во редовите на нисколигашот Дагенам и Редбриџ. Своите најдобри игри во кариерата ја имаше во Њукасл, каде што дебитираше уште како тинејџер и постигна 31 гол на 80 настапи. Неговите одлични партии му обезбедија голем трансфер во Ливерпул како директна замена за Фернандо Торес, кој замина во Челси, но на „Енфилд“ Керол успеа да се запише во листата на стрелците само шест пати. Во својата богата интернационална кариера тој ги бранеше и боите на Вест Хем, Рединг и ВБА, како и на француските клубови Амиен и Бордо.