Керик ја презеде одговорноста: Јас сум целосно виновен за поразот

Манчестер Јунајтед доживеа шокантна елиминација од Лига купот, откако на „Олд Трафорд“ прокоцка предност од 2-0 против Брајтон и загуби со 2-3.

Шеј Лејси и Мејсон Маунт му донесоа убедлива предност на домаќинот во првите десет минути, но Брајтон направи целосен пресврт. Костулас, Грос и Де Кујпер погодија за гостите.

По натпреварот, менаџерот Мајкл Керик ја презеде одговорноста, но не најави на кој начин би го покрил тоа.

„Јас сум целосно виновен. Начинот на кој одигравме во второто полувреме е моја одговорност. Не смееме да дозволиме вакво нешто повторно да се случи“, изјави Керик.

По елиминацијата, Јунајтед сега целосно се насочува кон Премиер лигата, каде следен противник му е Фулам.