„Ги повикуваме навивачите да нè поддржат, се надеваме нападот ќе проработи и ќе ги израдуваме“

Селекторот Гоце Седлоски денеска го објави списокот на повикани фудбалери за четирите натпревари од Лигата на Нации во кои ќе се обидеме конечно и да ја поправиме реализацијата која е наш проблем на последните средби.

На последните четири натпревари Македонија е без постигнат гол, а сега во нападот ќе ги имаме: Бојан Миовски, Азер Омерагиќ, Растодер и дебитантот од редовите на Струга, Христијан Малески.

„Мораме да работиме, имаме нови фудбалери во нападот од македонската лига, ретко кога од нашето првенство биле повикани шест фудбалери. Азер и Малески минатата сезона заедно постигна околу 30 погодоци, ефикасни се и оваа сезона и заслужуваат да бидат тука. Исто така и Растодер и Миовски кои се тука, па верувам ќе проработи нападот“, изјави Седлоски.

Седлоски откри и дека во неговите планови бил Марио Илиевски кој настапува за Приштина меѓутоа отпаднал од комбинација поради повреда, а се следи и Георг Стојановски кој најверојатно ќе добие повик во младинската репрезентација.

„Мојата желба како и на сите секако е сите да ги победиме, но знаеме и со кого играме. Одиме чекор по чекор, прво мислиме на Швајцарија тука, ги гледав нивните натпреари на Светскот опрвенство. Тие малку отскокнуваат, додека со другите очекувам дека можеме повеќе да се носиме“, смета селекторот.

За крај испрати и повик до навивачите да дојдат да ја дадат својата поддршка.

„Ги повикувам навивачите да ни ја дадат својата поддршка, а ние ќе се обидеме да вратиме со добра игра и конечно да ги израдуваме бидејќи долго време чекаат“

Македонија првиот натпревар против Швајцарија на домашен терен го игра на 26 септември.