Седлоски: Нема никого да молиме да игра за Македонија!
Истакна Седлоски дека никогаш претходно немал толку натпревари во така краток период.
„Може да очекуваме добра игра, борба на секој меч, залагање имаксимална концентрација на секој дуел. Јас никогаш не сум играл толку натпревари за толку краток период, затоа и повикав 28 натпревари, но да одиме по ред, прво да мислиме на Швајцарија“, истакна селекторот.
Еден од дебитантите во составот ќе биде Матеј Гаштаров кој во последниот период играше одлично во дресот на Црвена звезда.
„Гаштаров го гледам во среден ред, може да одговори на неколку позиции. Имаме неколку тренинзи и ќе видиме кој на која позиција ќе игра. Ќе направиме една компактна репрезентација, спои на искуство и младост. Соседите се обидувале да го добијат Гаштаров, но јас имав разговор со него во кој тој ми кажа дека со душа чека да игра за Македонија. Очекувам тој да се појави на собирот во понеделник“.
Милан Илоски истака така бил во неговите планови, меѓутоа при разговорите напаѓачот клупските обврски ги ставил пред репрезентативниот дрес и до денес немало одговор.
„Со Илоски е разговарано и пред мечот до Данска и потоа. Николче Новески беше во контакт со него. Во првиот разговор тој рече дека имал важни клупски обврски, во вториот дека ќе размисли па ќе каже. Но, уште немаме одговор. Нема никој да молиме да игра за Македонија“, порача Седлоски.