Американците во транс: Шелтон го уништи Тијафо за историско финале во Њујорк!

Американскиот тенисер, Бен Шелтон, кој е осми носител на турнирот, испиша историја пласирајќи се во своето прво грен-слем финале во кариерата, откако во американската полуфинална пресметка на Ју-Ес Опен со пресврт го совлада Френсис Тијафо со 3-1 во сетови (4-6, 6-3, 6-3, 7-5).

Тој по послабиот почеток на натпреварот, целосно ја презеде контролата на теренот и обезбеди дуел за титулата против Александер Зверев, кој е на програмата в недела. Полуфиналниот натпревар го одбележа и една невообичаена ситуација поврзана со брзината на сервисот на Шелтон. При резултат 6-4, 3-6, 2-1, на семафорот беше прикажана брзина од 158 милји на час (околу 254 км/ч), што би претставувало нов историски рекорд во светот на тенисот.

Сепак, податокот набрзо беше коригиран од страна на Тениската асоцијација на САД (УСТА) и системот „Око соколово“, кои потврдија дека сервисот всушност летал со брзина од 144 милји на час (232 км/ч), со што рекордот не беше соборен. И покрај тоа, победникот во текот на мечот забележа најсилен сервис од 149 милји на час (240 км/ч) и средбата ја заврши со дури 20 асови.

Шелтон со овој триумф добива можност да стане првиот Американец со гренслем-трофеј по Енди Родик во 2003 година. Истовремено, тој стана првиот Афроамериканец по Артур Еш во 1972 година кој стигнал до финалето на УС Опен.