Поранешниот шеф на Формула 1 запрен на аеродром, носел пушка

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон, бил запрен поради нелегално внесување оружје во Португалија.

Еклстон кој има 95 години бил запрен во понеделникот наутро на аеродромот Тиреш, во близина на Кашкаиш, откако слетал со својот приватен авион. Аеродромската единица на претходно ги демантираше наводите на португалските медиуми дека Еклстон бил уапсен.

„Нашите службеници за гранична контрола не извршиле апсење какво што им се припишува“, наведоа тие.

Еклстон за „Дејли Мејл“ изјавил дека пушката била наменета за гаѓање гулаби и дека во Швајцарија има дозволи за оружјето што го користи за таа намена.

По непрестајните непријатности кои траеле како да биле со часови, Еклстон рекол дека неговата сопруга Фабијана отпатувала во Лисабон за да ја предаде пушката или да обезбеди соодветна дозвола.

„Ја носев пушката од Швајцарија во Португалија за гаѓање глинени гулаби“, потврдил поранешниот прв човек на Формула 1