Рафа се избламира на Ју-Ес опен, па влезе во дуел со новинар поради - врвките (ВИДЕО)
Пресметката, која беше прекината поради дожд и продолжи синоќа, траеше само еден час и 48 минути, при што кинескиот тенисер целосно го надигра 19-годишниот Шпанец. Оваа рана елиминација доаѓа како изненадување со оглед на тоа што Ходар пристигна во Њујорк со големи амбиции, зад себе имајќи одлична сезона во која стигна до 13. место на АТП листата, ја освои првата титула и играше во завршниците на турнирите во Вашингтон и Канада.
Наместо анализа на играта и поразот, фокусот на прес-конференцијата се префрли на ситуација од претходните турнири. Новинар го праша Ходар како гледа на реакциите на јавноста на интернет во врска со проблемите со неговите патики. Имено, за време на северноамериканската турнеја (вклучително и на мечот со Денис Шаповалов во Синсинати), Шпанецот неколку пати мораше да ги прекинува мечевите поради скинати врвки.
Видно збунет од прашањето, бидејќи тој проблем воопшто не се појави на мечот против Бу, Ходар одговори: „Кое е прашањето? Врвките не ми се скинаа денеска. Значи, кое е прашањето? Не знам, не знам што ме прашувате“
Откако новинарот појасни дека прашањето се однесува на перцепцијата на јавноста и дали е загрижен дека фановите на интернет тоа го толкуваат како намерно барање изговор за паузи за време на мечевите, тенисерот кратко заклучи: „Тоа нема никаква смисла“.