Во живо: Гледајте го натпреварот на кошаркарите против Австрија

Македонската кошаркарска репрезентација попладнево го игра натпреварот против Австрија кој за нас е прв од втората фаза во претквалификациите.

Избраниците на селекторот Берокал сакаат да тргнат со победа во групата, додека Австрија веќе одигра еден натпревар во кој изненадувачки беше поразена од Кипар, па сега немаат право на грешка.

Натпреварот е закажан за во терминот од 16:05 часот, а кошаркарите ќе имаат и голема поодршка од трибините.