Војдан Стојановски: Нашата цел е јасна - победа против Австрија!
Еден од најискусните кошаркари во дресот на Македонија, Војдан Стојановски пред мечот против Австрија јасно ги кажа своите очекувања.
„Нашата цел е јасна - победа против Австрија. Но, за да го оствариме тоа, ќе мора да бидеме перфектни и борбени во текот на сите 40 минути. Не треба да нè залажува нивниот пораз од Кипар. Играат на домашен терен и тука секогаш се менуваат работите.
Имаме добар тим. Штета што го немаме и Андреј Јакимовски, бидејќи за првпат ќе бевме комплетни. Иако имавме малку проблеми со здравствениот билтен, сепак трениравме добро и се подготвивме за овој натпревар. Се надевам дека и ние ќе имаме поддршка од трибините. Македонците во Австрија најавија поддршка, која ќе биде од огромно значење“, кажа Стојановски.
Натпреварот меѓу Македонија и Австрија се игра денеска во Виена од 16.05 часот.