Хрватска доби светски шампион: Хрговиќ преживеа драма и го победи Итаума (ВИДЕО)

Хрватскиот боксер Филип Хрговиќ славеше против Мозес Итаума во Лондон и го освои појасот за светски шампион во тешка категорија.

Хрговиќ прежива голема драма во рингот и успеа да го победи ривалот во деветтата рунда, кога судијата го прекина мечот по серијата тешки удари.

По борбата, Итаума беше изнесен од арената на носилки, а засега нема повеќе детали за неговата здравствена состојба.