Меси повторно испиша историја: Четири гола и асистенција во спектакуларната победа на Интер Мајами (ВИДЕО)
Меси го започна шоуто во 40. минута, кога од слободен удар го донесе својот тим во водство. Во второто полувреме следуваше уште една мајсторија – во 52. минута тргна во соло-продор и повторно ја затресе мрежата.
Аргентинецот не застана тука. Со прекрасен лоб над голманот на Монтреал стигна до хет-трик, а во завршницата повторно погоди од слободен удар за својот четврти гол на натпреварот. Со четирите гола и асистенцијата, Меси стигна до 18 гола и 10 асистенции во сезоната и го презеде врвот на листата за „Златната копачка“ во МЛС. Зад себе го остави Петар Муса, кој до овој натпревар беше лидер со 16 гола.
Победата беше особено значајна и за Интер Мајами, кој со седумте постигнати гола постави нов клупски рекорд по број на голови на еден натпревар. За тимот од Флорида ова беше и важна реакција по серијата од пет натпревари без победа во сите натпреварувања. Меси уште еднаш покажа дека и на 39 години може да одигра натпревар кој изгледа како да е од некоја друга ера.
Останатите три гола ги постигнаа Касемиро, Суарез и Шо, додека за Монтреал погоди Херберс. Интер Мајами е сигурен на втората позиција во Источната конференција, со десет бога негатива зад лидерот Нешвил.