Македонски куглар влезе во Гинис - урна светски рекорд со 15.000 соборени кегли за 25 часа!
Toj покажа натчовечка издржливост и врвна форма во подвигот кој траеше повеќе од едно деноноќие без прекин. За време на овој маратон, македонскиот репрезентативец фрли речиси 3.200 кугли и собори над 15.000 кегли, комплетирајќи 26 цели серии по 120 кугли. Неговата прецизност остана на врвно ниво до самиот крај, забележувајќи импресивен просек од 615 соборени кегли по серија, резултат со кој уште еднаш го потврди својот статус на спортист од светска класа.
Со овој историски резултат, Стоклас не само што влегува во Гинисовата книга на рекорди, туку и на најдобар можен начин го промовираше македонскиот спорт на глобалната сцена како вистински амбасадор на нашата земја, со оглед што иако е Словенец, сепак, настапува под нашето знаме.