ПСЖ пак губеше со 0-2 и пак се спаси, сега уште полудо (ВИДЕО)
Лил го отвори резултатот во 21. минута, и тоа со вистински еврогол. Оливие Жиру одлично се извлече далеку од противничкиот гол, привлече неколку дефанзивци и му остави простор на Хакон Анар Харалдсон.
Исланѓанецот не размислуваше многу – упати фантастичен удар од работ на шеснаесетникот, а топката заврши директно во рашљите на голот на Матвеј Сафонов. Домашниот тим продолжи да биде опасен, а во 84. минута стигна и вториот погодок. Повторно Жиру одигра важна улога со одлично додавање, по што Дилан Баква погоди со удар во малата мрежа за 2-0.
Изгледаше дека Лил сигурно ќе ги освои трите бода, но ПСЖ во последните моменти направи вистинско чудо. Во првата минута од судиското продолжение, Витиња постигна прекрасен гол и го врати својот тим во живот. Само неколку минути подоцна, во петтата минута од продолжението, Маркињос погоди за конечни 2-2.
Така, ПСЖ повторно се спаси во самиот финиш, откако и во првото коло се враќаше од негатива против Рен и тогаш херој на „светците“ беше Феран Торес кој постигна двата гола.