„Покер“ во мрежата на Палас: Халанд и Шерки со по два гола за нова победа на Сити (ВИДЕО)
„Граѓаните“ од самиот почеток ја презедоа иницијативата, а до предност стигнаа во 17. минута. По прецизен центаршут, Ерлинг Халанд беше највисок во скокот и со глава ја погоди мрежата за 1-0.
Рајан Шерки до паузата имаше можност да ја удвои предноста, но неговиот удар го одбрани Дин Хендерсон. Французинот, сепак, не мораше долго да чека на својот прв гол. Во 54. минута Шерки направи одличен продор и со прецизен удар зголеми на 2-0. Само две минути подоцна Палас се врати во натпреварот, откако голманот на Сити, Џанлуиџи Донарума, несреќно си постигна автогол.
Домашниот тим потоа можеше да израмни, но Џереми Пино од слободен удар ја погоди пречката. Казната стигна веднаш – Шерки во 59. минута повторно се запиша во листата на стрелците и му донесе на Сити предност од 3-1. Конечниот резултат го постави Халанд во 84. минута, кога по одлична топка во казнениот простор со силен удар го совлада Хендерсон за 4-1.
Со оваа победа Манчестер Сити има шест бода од првите две кола и се наоѓа на врвот на табелата, додека Кристал Палас останува без бодови по двата одиграни натпревари.