Чудна ситуација во Минхен: Баерн пукна „петарда“, а Кејн не даде гол (ВИДЕО)

Шампионот на Германија, Баерн со победа од 5-1 против Штутгарт ја почна одбраната на титулата во Бундеслигата.

„Баварците“ одиграа извонредно второ полувреме, а се разиграа откако гостинскиот тим израмни преку Ванњоман во 52. минута. Од 55. минута до крајот, Баерн постигна четири гола, плус еден на Олисе кој беше поништен поради офсајд.

Куриозитет од овој натпревар е тоа што и покрај петте постигнати голови на Баерн, најдобриот стрелец од претходните две сезони Хари Кејн ниеднаш не ја затресе противничката мрежа. Головите за шампионот ги постигнаа Упамекано, Олисе, Вањоман (автогол), Павловиќ и Дијаз.