Тиквеш се засили со младински репрезентативец кој првпат ќе игра во ПМФЛ!

Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска промовираше ново засилување, потпиша со дефанзивецот, Андрија Димески.

Андрија Димески е 21-годишен стопер кој настапува за македонската репрезентација до 21 година. Роден е во Белград и потекнува од школата на Црвена звезда.

Бил дел и од младинската академија на Вождовац и во сениорскиот фудбал дебитирал токму за овој клуб, оттаму доаѓа во Тиквеш.

„Добредојде, Андрија Димески!
Младиот стопер и репрезентативец на Македонија У21 е нов член на црвено-белото семејство.
Продолжуваме со нашата визија — да веруваме во младоста, да инвестираме во потенцијалот и да ја градиме иднината на Тиквеш.
За нас, младите не се само иднината.
Тие се сегашноста во која инвестираме“, стои во соопштението на Тиквеш.