Шкендија победи и во Кратово за „пет од пет“ (ВИДЕО)
Натпреварот помеѓу финалистите од купот за минатата сезона донесе тврда игра со малку шанси, а тетовскиот состав беше за нијанса подобар на теренот што се покажа како доволно за да ги освои трите бода.
Мрежата на домаќините се тресеше во 35 минута кога стрелаше Нзенгуе, сепак по прегледувањето на ВАР тој гол беше поништен поради недозволена позиција, па на полувремето се замина со почетниот резултат.
Сликата на теренот не се промени многу и во второто полувреме, а резултатот беше отворен во 53-тата минута кога Меличи најдобро се снајде во шеснаестникот по едно нафрлување и го совлада голманот Џеков.
До крајот на Шкендија со мирна и сигурна игра не дозволи Силекс да се закани. Нзенгуе сепак се запиша во листата на стрелци во 87. минута кога ги постави конечните 2-0.