Рељиќ одлична во Кина, освои бронза на Отвореното Светско првенство!

По елиминацијата во четвртфиналето на Медитеранските игри, најдобрата македонска таеквондистка Миљана Рељиќ имаше одличен настап во Кина на Отвореното Светскп првенство Г-4.

На првенството кое се одржува во Таијуан, Рељиќ во категоријата до 62 килограми во конкуренција на 43 натпреварувачки успеа да освои бронза.

На стартот беше подобра од домашната натпреварувачка Јијао Санг со 2-0, потоа со 2-1 ја совлада Узбекистанката Мохидил Уктамјонова, додека медалот го обезбеди со триумф против претставничката на Тајпеј, Чиа Веи Ванг која ја совлада со 2-1.

Со оваа бронза таа освои нови бодови кои се важни во борбата за пласман на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.