Охрид во Будва стигна до втора победа во Регионалната лига

Охрид стигна до втората победа во Регионалата лига откако вечерва во Будва славеа над Будванска Ривиера со 22-20.

Македонскиот претставник беше подобар противник во најголем дел од средбата во еден период од второто полувреме поведе и со седум гола, меѓутоа дозволи противникот да се врати натпреварот.

Домаќинот стигнаа до „минус еден“, но токму кога најмногу беше потребно, ракометарите на Охрид го креваа нивото во реализацијата и успеваа да ја одржат предноста.

Одличен на голот беше голманот Дино Славиќ кој одбрани половина од ударите на противникот, додека во нападот Лиапис постигна пет гола, а Ѓукиќ четири.

Пред Охрид сега е уште едно гостување во третото коло и тоа против Динамо Панчево за два дена.