Манчестер Јунајтед го потврди засилувањето од 70 милиони фунти!
22-годишниот камерунски фудбалер е ново засилување на Јунајтед. Тој игра на позицијата дефанзивен играч за врска.
Сумата која Манчестер Јунајтед ќе ја плати е 65 милиони фунти плус 5 милиони фунти во бонуси.
„Неверојатно е чувството да потпишам за клубот од моите соништа. Играњето на Олд Трафорд секогаш е посебно но можноста тоа да го правам како фудбалер на Манчестер Јунајтед ќе биде вистинска чест“, вели Балеба откако го потпиша договорот.
Тој се обврза на петгодишна верност со можност за продолжување на уште една сезона.