Хорд побрз од звукот на сирената: Франција го доби трилерот против Србија (ВИДЕО)

Кошаркарската репрезентација на Франција триумфира против Србија во неверојатен натпревар со 91-90.

Двете екипи понудија одлична кошарка, а посебно доминантна во првото полувреме беше Франција која замина на паузата со 54-35.

Србија се разбуди во вториот дел, па со моќна трета четвртина (27-14) најави дека овој натпревар ќе има трилер-завршницата.

„Орлите“ на пет секунди пред крајот успеаја да поведат со 90-89, меѓутоа Џејленд Хорд успеа да биде побрз од звукот на сирената и да донесе триумф за Франција од 91-90.

Фото: Team France Basket/Facebook