Ерупција во Трабзон: Салах со два гола донесе победа над Башакшехир (ВИДЕО)

Новото засилување на Трабзонспор, Мохамед Салах блесна во дуелот против Башакшехир во второто коло од турската Суперлига и со два погодоци донесе триумф за неговата екипа од 2-1.

Салах го постигна првиот гол за неговиот нов тим во осмата минута, по што Башакшехир ја врати неизвесноста преку пеналот на Шомуродов.

Египќанецот погоди и втор пат за Трабзонспор, и тоа во 48. минута, а неговиот гол предизвика ерупција на трибините.

Трабзонспор по две одиграни кола има четири освоени поени, додека Башакшехир има само три поени.

Фото: Trabzonspor /Facebook