Неуспешно враќање на сестрите Вилијамс! (ВИДЕО)
Најпознатите сестри во историја на тенисот, но можеби и во било кој друг спорт, лошо го почнаа мечот, го загубија првиот сет со 2-6, но потоа одговорија моќно добивајќи го следниот со 6-1.
Кога се чинеше дека моментумот е на нивна страна и ќе имаат психолошка предност во супер-тајбрејкот, тоа не се случи. Почнаа ужасно, противничките поведоа со 6-0, но сестрите Вилијамс успеаа да се вратат и да дојдат до 7-8, сепак не го свртеа резултатот, загубија со 8-10 и беа елиминирани.
Останува да се види дали 46-годишната Венус и 44-годишната Серена ќе настапат и на УС опен. Дали ќе играат во двојки или во сингл. За сите опции потребна им е вајлд-карта, но тие се толку големи ѕвезди што тоа ќе биде најмал проблем.