Хајдук потпиша со репрезентативец на БиХ и му даде - бурек со сирење! (ВИДЕО)

Сплитската гордост, Хајдук, го претстави Денис Хаџикадуниќ со специфично видео кое веднаш стана вирално на социјалните мрежи.

Бурекот е една од работите што ги обединува сите земји од поранешна Југославија, но за разлика од останатите, луѓето од Босна и Херцеговина признаваат само бурек со месо. За нив не постои бурек со сирење или со било што друго.

За Босанците е навреда само доколку кажеш бурек со месо, веднаш настанува дебата.

Овој момент е толку познат што Хајдук реши да направи интересно промо видео со босанското засилување токму на темата бурек.

Од хрватскиот клуб на Хаџикадуниќ му сервираа бурек со сирење. Неговата реакција беше разбирлива за секој Босанец.

Хаџикадуниќ е 28-годишен централен дефанзивец кој настапувал за Сампдорија, Хамбургер, Мајорка, Малме, Ростов, Трелеборг. Ги поминал младинските репрезентации на Шведска, а потоа одлучил да настапува за БиХ.