Сензација на Синсинати: Тиранте со пресврт го шокира Ѓоковиќ!
Ѓоковиќ беше сигурен од почетокот на натпреварот и ја искористи првата брејк топка во шестиот гем за предност од 4-2, по што уште еднаш му го одзема сервисот на ривалот за да слави со 6-2 во првиот сет.
Србинот тргна добро и во вториот сет, каде што по голема борба поведе со 2-1, но потоа побара медицински тајм-аут, по што почнаа проблемите кога Тиранте направи брејк за 4-3 и до крајот на сетот го зачува водството (6-4).
Одличен тенис се играше и во третиот сет, каде што двајцата тенисери беа сигурни до 3-3, по што следеа нови проблеми за Ѓоковиќ, а нив ги искористи Тиранте за да направи брејк за 5-4, а потоа да сервира за победа на мечот.