Падна првиот црвен картон во Ла Лига по само 42 минути! (ФОТО)

Алавес и Хетафе вечерва од 19.30 часот ја отворија новата сезона во Ла Лига, а во првото полувреме не беа постигнати голови, но затоа падна црвен картон.

Кике Фемениа од редовите на Хетафе поради остар старт доби директен црвен картон и уште во 42. минута го заврши натпреварот.