Македонија ЃП ремизира со Тетекс, победнички старт за Работнички и Брера (ФОТО)

Денеска почна Втората македонска фудбалска лига со шест натпревари, а до триумфи стигнаа Работнички против Кожуф (3-0) и Брера Струмица над Еуромилк ГП (2-0), додека Македонија ЃП ремизира против Тетекс (1-1).

Работнички ја оправда фаворитската улога и со головите на Кудијан, Пограџа и Богданоски запиша стартна победа во Втората лига.

Македонија ЃП и Тетекс понудија одличен фудбал во Ѓорче Петров, а на крајот си поделија по еден бод. За домаќинот стрелаше Блажевски Еминов, додека голот за гостите го постигна Мисајловски.

На останатите натпревари Беласица го надигра Осогово со 1-0, додека Детонит Плачковица славеше против Шкупи со 2-0.