Интер си купи засилување од Тотнем за 35 милиони евра! (ФОТО)

Италијанскиот шамион Интер договори уште едно засилување за следната сезона, а тоа е Џед Спенс кој доаѓа од редовите на Тотнем.

„Нераѕурите“ го договорија трансферот на Спенс за 35 милиони евра, а англискиот фудбалер треба да ја пополни празнината која ја остави Дензел Думфрис.

Спенс потпиша петгодишен договор со Интер, па така се враќа во Италија каде што претходно играше за Џенова.

Англичанецот претходно ги носеше и дресовите на Миделзбро, Нотингем Форест, Рен, Лидс и Џенова.

Фото: Facebook/Inter