Кадетите со тежок пораз од Бугарија го завршија настапот на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години запиша тежок пораз со 62-102 од Бугарија во последниот натпревар од Европското првенство во Б дивизијата.

Бугарија целосно ја имаше контролата и доминираше од почетокот до крајот на натпреварот во борбата за третото место.

Македонија во ниту еден момент не беше блиску да се надева дека може да дојде до некаков позитивен резултат.

Бугарија беше предводена од Никола Тодоров и Николај Џамбазов кои постигнаа по 22 поени, додека кај нас по 13 уфрлија Александар Зунзуровски и Илија Коневски.

Фото: ФИБА