Лукаку ги договори личните услови, наскоро се сели во Турција!

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку ги договорил личните услови со турскиот гигант Фенербахче, а наскоро се очекува и Наполи да прифати понуда за неговиот потпис.

Фенербахче испратиле понуда од шест милиони евра за трансферот, но Наполи бара 10 милиони, па сè уште во тек се преговори и се очекува да биде постигнат договор наскоро.

Турската екипа има големи амбиции во следната сезона, а веќе го засили нападот со Мејсон Гринвуд и Ведат Муричи, додека во одбраната најзвучно засилување е Нејтан Аке.

Фото: Facebook/SSC Napoli