Ренџерс и Миовски имаат одлична шанса за пласман во групна фаза на Лига Европа (ФОТО)

Денеска беше одржана ждрепката за плејофот во Лига Европа, па така македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и неговиот Глазгов Ренџерс дознаа што ги чека во продолжение на натпреварувањето.

Ренџерс во третото квалификациско коло ќе се соочи против Јаглејонија, а доколку успее да ја помине оваа рунда, тогаш во следната ги чека меч против подобриот од пресметката меѓу Ларне и Иберија Тбилиси.

Првите натпревари се закажани за 20 август, а реваншите се играат една недела подоцна.

Фото: Facebook/Rangers FC