Македонија загуби од В. Британија и го освои 14. место на ЕП Б-дивизија

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација загуби од Велика Британија со РЕЗ во борбата за 13. место на Европското првенство (СП) во Б-дивизија.

Македонските јуниори ја добија првата четвртина со 21-18, но В. Британија во следните 10 минути направи целосен пресврт и на паузата имаше предност од 43-39.

Двете екипи продолжија со големата борба во второто полувреме, а В. Британија конечно направи исчекор кон победата во завршната четвртина кога стигна до триумф од 83-73.

Најефикасен во редовите на Македонија беше Дамјан Данев со 16 поени, три скокови и три асистенции, додека Емануел Ахамефуле запиша 16 поени за В. Британија.

Фото: КФМ