Арис му дозволи на Димитријевиќ да игра за Македонија - сега сѐ зависи од негo!
Од нашата Куќа на кошарката ја поздравија одлуката на солунскиот клуб, оценувајќи ја како гест на спортска коректност и почит кон националните селекции, за што упатија благодарност до раководството на Арис. Со ова, вниманието сега се насочува кон претстојниот список на селекторот и кон конечната одлука на самиот Димитријевиќ дали ќе го прифати повикот за настап во репрезентацијата.
„Искрено веруваме дека тој повторно ќе го облече дресот со државниот грб, зашто секој настап за Македонија е повеќе од спортски предизвик – тоа е чест, гордост и привилегија“, порачаа од КФМ.

Македонската репрезентација на крајот од август ја очекува исклучително важен гостински натпревар против Австрија, со кој ќе го отвори вториот циклус од претквалификациите за ЕП 2029. Во КФМ потенцираат дека во вакви моменти присуството на најдобрите македонски кошаркари и единството околу националниот тим се од исклучително значење. Тие нагласуваат дека остануваат посветени на создавање позитивна атмосфера околу репрезентацијата и изразуваат уверување дека сите македонски интернационалци ја чувствуваат одговорноста и честа да го носат националниот дрес, истакнувајќи дека македонската јавност секогаш знаела да ги цени оние кои со срце ја претставуваат својата држава.